Актерот Бред Пит има почитуван и угледен статус во Холивуд, но неговото семејство има сосема поинакво мислење за него.
По тешките обвинувања од неговата поранешна сопруга Анџелина Џоли за неговото однесување кон неа и децата, ќерката која се откажа од неговото презиме, и синот Пакс пред неколку години објавил порака на Инстаграм за празникот „Денот на таткото“ во која тој го нарекол актер „најлошиот татко на светот“.
„Ги претвори животите на моите најблиски во пекол. Можеш да си кажуваш себеси и на светот што сакаш, но вистината еден ден ќе излезе на виделина. Среќен ден на таткото, ти еб**о човечко суштество“, напишал Пакс во 2020 година.
Кога пораката од приватниот профил стана јавна неколку години подоцна, особено по описот на Пакс за карактерот на Бред Пит, поради кој, како што тврди, „неговите најмали деца се треселе од страв“, извор близок до актерот дал изјава за британскиот „Сан“.
„Фрустрирачки е што Бред е претставен како лоша личност во медиумите, што е далеку од вистината“, вели изворот, додавајќи дека Пит ги почитува своите деца, но и дека неговиот молк е многу погласен затоа што одлучил да биде „достоинствен“ во моменталната ситуација.
Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиштето Хо Ши Мин во Виетнам во 2007 година. Имал три години кога го однеле во сиропиталиште бидејќи бил одземен од мајка му која била зависничка од хероин.
Кога Бред Пит и Анџелина Џоли се разведоа во 2016 година, децата останаа со актерката поради наводна тепачка во авион меѓу актерот и најстариот син Медокс.
Како што се испоставува, Пит исто така имал проблематичен однос и со Пакс.