396
Реџина Кинг ја доделуваше наградата за Најдобра машка споредна улога на денешните Оскари.
Сосема очекувано, оваа статуетка замина кај Бред Пит, за улогата во „Беше еднаш во Холивуд“, каде го глумеше дублерот на Леонардо Дикаприо.
Ова е прв актерски Оскар за Бред Пит. Досега тој бил номиниран седумпати, а Оскар доби како дел од продуцентската екипа на „12 години ропство“.
Бред му се заблагодари на Тарантино за можноста да ја оствари улогата, на Лео кој бил неверојатен колега, а наградата ја посвети на своите деца.