Бред Пит неодамна призна дека боледува од прозопагнозија, односно пореметување кое го спречува да препознае човечки лица.
Како што изјавил, посебно го повредува тоа што никој не му верува, односно поради ова генерално го сметаат за „арогантен“.
Поради сите проблеми што му ги носи ова пореметување, холивудскиот актер решил да побара помош од лекар за да ја „потврди сопствената дијагноза“.
„Никој не ми верува!“, нагласи тој за „GQ“ и изрази желба да запознае некој друг со истото нарушување, за конечно да најде поддршка.
Инаку, ова не е прв пат Бред да се пожали на истото – во 2013 година тој го коментираше овој проблем за „Esquire“.
„Има и такви кои ме мразат поради ова, мислејќи дека не го почитувам. Просто е, не можам да издвојам лица, не ги препознавам… Навистина некогаш ќе морам да се тестирам“.