До денот кога ќе дувне дури 60 свеќички на роденденската торта со која ќе ја одбележи седмата деценија од животот, остануваат уште нешто повеќе од пет месеци, а Бред Пит изгледа подобро од било кога.
Тој беше фатен од папараците за време на снимањето на новата кампања за DeLonghi во Франција, која ја снима со актерката Карина Беут, а сето тоа го објави британскиот DailyMail.
Екипата е снимена во лозјата во регионот Вар, на француската ривиера, а Бред Пит изгледал како момче во бела раскопчана кошула и бели панталони. Косата повторно му е скратена, како во неговите славни денови, а тука е и неговата препознатлива насмевка.
Но, она што на сите им падна во очи е дека 59-годишниот актер изгледа подобро од било кога. Всушност, многумина го споредија со филмскиот лик што го играше во 2008 година. Станува збор за филмот ‘The Curious Case of Benjamin Button’ и истоимениот лик кој старее наназад.
Во филмот Бред Пит е роден како старец, а како што старее, всушност станува помлад, за на старост повторно да биде бебе. А се чини дека холивудскиот заводник постигнал сличен процес на стареење и надвор од филмското платно.