340
Најмалку 10 камиони полни со морски школки се оставени пред Даунинг стрит, резиденцијата на британскиот премиер Борис Џонсон во Лондон и пред британскиот парламент во централниот дел на британската престолнина, по низата проблеми со извозот на риби во Европската унија по Брегзит.
На еден камион пишуваше „Брегзит масакр“ и беше паркиран на само неколку метри од Даунинг стрит, објави Ројтерс, додавајќи дека полицијата ги испрашува возачите на камиони.
Многу шкотски рибари не можат да ги извезуваат натрупаните залихи на морски животни во Европа од почетокот на годината, по воведувањето на сертификати за потекло, исправност, царинење на уловена риба, поради што купувачите во Европската унија ги одбија.