Брегзит ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно поради загубеното производство

од Radmila Tasevska
163 прегледи

„Брегзит“ ја чини Велика Британија 100 милијарди фунти годишно (околу 124 милијарди долари) поради изгубеното производство, велат експертите и проценуваат дека британскиот БДП би бил четири отсто поголем доколку Велика Британија останеше во ЕУ.

Ефектите од Брегзит вклучуваат сè, од деловни инвестиции до способност на компаниите да ангажираат работници, објави Блумберг на утрешната трета годишнина од поделбата Обединетото Кралство и ЕУ.

Како што се наведува, деловните инвестиции се послаби, а недостигот на работна сила е сè поакутен проблем. Економистите Ана Андраде и Ден Хансон веруваат дека економијата е четири отсто помала отколку што би можела да биде, при што деловните инвестиции значително заостануваат, а недостигот од работници во ЕУ се зголемува.

„Дали Обединетото Кралство изврши чин на економско самоповредување кога гласаше за напуштање на ЕУ во 2016 година? Досегашните докази продолжуваат да сугерираат дека тоа го стори“, рекоа Андраде и Хансон.

Тие исто така додаваат дека главниот заклучок е дека прекинот од единствениот пазар можеби се одразил на британската економија побрзо од очекуваното.

Како што беше наведено, податоците ги негираат тврдењата на премиерот Риши Сунак дека Брегзит е „огромна можност“ за ОК што почнува да се материјализира, бидејќи прекинот на врските со ЕУ и овозможува на Британија да создаде слободни пристаништа за да ја зајакне трговијата и да ги реформира правилата за финансиски услуги за да има корист банки во лондонски Сити.

Слични содржини