Утро – Москва
Излегувањето од ЕУ може да предизвика миграциска криза во Обединетото Кралство. По британскиот референдум, Франција најави дека размислува да го ограничи договорот со кој му се овозможува на Лондон на францускиот брег да задржи повеќе бегалци кои се упатиле кон Албион. Шансата да пропадне страриот билатерале договор на крајот беа коментирани од неколкумина француски политичари.
Темата беше прво отворена од властите во северниот департамент Па де Кале. Градоначалникот на Кале, Наташа Бушар изјави дека граничните односи помеѓу Велика Британија и земјите од ЕУ преба да бидат преразгледани.
– Британците треба да ги прифатат последиците од својот избор. Ние сме во силна позиција за да го поставиме прашањето за разгледување и да испратиме молба до претседателот Франсоа Оланд да ја искористи својата величина за таа цел, рече Бушар во коментар по резултатите од референдумот за Брегзит.
Станува збор за откажување на договорот од 2003 година, што и дава мандат на Велика Британија да ги проверува бегалците од француската страна на Ламанш и да не ги пушта ниту во тунелот под Каналот, ниту на фериботите.
Благодарение на тој документ илјадници бегалци кои сонуваа да станат поданици на британската кралица и денес се наоѓаат во мигрантските кампови во Па де Кале. Според официјални податоци, на островот сакаат да се префрлат околу 4.000 дојденци. Фактички, нивниот број е двојно поголем.
The Guardian: Апелот на Стрџен кон европските лидери освои симпатии, но малку надеж
Како блатерален договор меѓу Лондон и Париз, тој требаше да остане во сила дури и ако Велика Британија ја напушти ЕУ. Но, француските власти уште пред референдумот предупредија дека ако излезе Кралството од унијата, миграциските договори можат да бидат ревидирани.
Откако изразија желба да си ги решаваат проблемите самостојно, жителите на Велика Британија треба сами да одговараат и за тековите на мигранти кои се насочиле кон неа, сметаат французите. Идеја која полека и се повеќе добива поширока поддршка.
– Британците сакаа да си ја вратат слободата – тогаш нека си ги вратат и своите граници, изјави претседателот на регионот Па дњ Кале и претседател на популистичкиот Сојуз на народно движење (подоцна преинменуван во Репибликанци), Ксавие Бертран.
Францускиот министер за економија, Емануел Макрон, исто смета дека Французите треба да ја прекинат контролата над бегалските текови во Кале и да ги пуштат мигрантите да го преминат Ламанш.
Но, централната власт се уште не брза конечно да ги отсече Британците од европскиот континент. Шефот на дипломатијата на Франција, Жан-Марк Еро ги нарече иницијативите во тој дух „демагогија“. Претседателот Франсоа Оланд вети дека ќе го разгледа ова прашање пред 14 јули.
Според аналитичари, Владата не смее да си дозволи таков чекор – тоа може да предизвика несакана верижна реакција и да бидат уништени сите останати договори меѓу Франција и Велика Британија. Францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев, истакна дека префрлањето на бариерата за бегалците од континентот на островот ќе доведе до некотролирана миграција преку Каналот (исто како во Средоземното море) и само ќе го зголеми бегалскиот тек.
Политиколози предупредуваат дека политичарите од десниот кампус ќе ги експлоатираат темите во врска со Брегзитот во предвечерието на претседателските избори во Франција во 2017 година. За претседателскиот престол ќе се бори посебно Емануел Макрон, кој го поддржува укинувањето на договорот со Лондон. Меѓу пораките на политичари како Макрон или лидерот на десницата, Марин Ле Пен, ќе биде повикот до Франција да го следи патот на Велика Британија и да го стави на референдум прашањето за своето членство во ЕУ. Но, на изјавите во тој смисол не треба да се гледа сериозно.
За ризиците од раскинувањето на договорот зборуваат и политичари кои се надвор од самата Франција. Деновиве темата беше отворена од поранешниот премиер на Белгија, Ги Верхофстат: – Со излегувањето од ЕУ, Британците не само што ќе ги загубат своите најважни трговски партнери и достапот до европскиот внатрешен пазар, туку ќе се соочат и со нови предизвици во контекст на миграциската криза. Во случајот со Брегзит, Франција може да ги пуишти бегалците кои се наоѓаат во Кале да одат понатаму, кон Велика Британија, изјави Верхофстат за списанието „Фокус“.
Исто ќе одбележиме дека Лондон и Париз одамна истакнуваат взаемни ставови кон договорот како несовршена и неефикасна спогодба. Според Британците, Французите спровеле многу слаб режим за безбедност. Според Французите, Британците се неспособни да го регулираат сопствениот пазар на работна сила и токму тоа ги привлекува мигрантите. А бранителте на човековите права ги обвинуваат властите на двете држави дека се однесуваат нехумано кон бегалците.
– Сите пари потрошени од Велика Британија во Кале одат за безбедност – подигнување на огради и трошоци за полициски кучиња. Ние бараме дел од средствата да се распределат за хуманитарни потреби. Ако дојдете во нашата клиника во Кале, ќе видите огромни редици од луѓе кои дошле да се лекуваат. Но, медицинската грижа за бегалците не треба да доаѓа само од нас, треба да доаѓа и од владата, рече Ник Харви од Лекари без граници.
Сегашната ограда на патот на мигрантите и без тоа можеше да падне во секој момент. Излегувањето на Велика Битанија од ЕУ може да го забави процесот, без разлика што француски службени лица го тврдат спротивното. Се наметнува впечатокот дека и покрај продолжувањето на дискусиите меѓу сите „за“ и „против“ Брегзитот, Британците се уште не ги процениле реално сите можни последици од тој чекор./MИА
