Ултрадесничарот и убиец Андерс Брејвик, кој уби 77 луѓе во масовно пукање на норвешкиот остров Утоја во 2011 година, бара од судот во Норвешка да му ја укине изолацијата и истовремено ја тужи државата, бидејќи наводно ја ограничувала неговата комуникација со надворешниот свет, пренесуваат норвешките медиуми.
Андерс Брејвик се појавил пред судот за да покрене постапка за заштита на неговите права. Тој не кажал ништо кога дошол на рочиштето, додека неговиот адвокат изнел аргументи дека условите за притвор на Брејвик ги нарушуваат основните човекови права.
„Тој е изолиран околу 12 години…Живее во целосно затворен свет“, рекол адвокатот на сослушувањето, наведувајќи дека Брејвик е во контакт само со професионалци чија должност е да оддржуваат дистанца.
„Тој е во длабока депресија. Не сака повеќе да живее“, кажал адвокатот на рочиштето.
Terrorist Anders Breivik, who killed 77 people, tries to sue Norway for alleged human rights breach
Breivik believes that his solitary confinement since 2012 amounts to inhuman treatment under the European Convention on Human Rights.
Breivik, by the way, is being held in a… pic.twitter.com/QlH7vgotxf
— NEXTA (@nexta_tv) January 7, 2024
Брејвик е осуден на 21 година затвор, што е најдолгата казна што може да ја изрече норвешкиот суд, која може да биде продолжена се додека тој се смета за закана за општеството.
Тој ја тужеше Норвешка во 2016 година, тврдејќи дека ја прекршува Европската конвенција за човекови права, вклучувајќи делови во кои се вели дека никој не треба да биде подложен на „тортура или нечовечко или понижувачко постапување или казнување“.
Брејвик првично го доби случајот, но по жалбата беше укината пресудата една година подоцна. Денешното рочиште се одржало во сала при затворот, лоцирана на брегот на езерото Тирифјорден, каде се наоѓа островот Утоја, без порота, а пресудата ќе биде изречена во наредните недели.