Бремена и невенчана западна новинарка побарала азил од Талибанците затоа што нејзината земја не сакала да ја прими поради ковид-ограничувањата

од Milan1
334 прегледи

Невенчана новинарка од Нов Зеланд, која останала бремена додека работела во Катар за мрежата Ал Џезира, открила дека морала да им се обрати на Талибанците за помош откако нејзината земја и кажала дека не може да се врати поради ограничувањата за ковид.

Шарлот Белис е позната како новинарка која присуствуваше на првата прес-конференција на Талибанците по враќањето на власт во Авганистан минатиот август, кога ги праша нивните лидери што би направиле за да ги заштитат правата на жените и девојките.

Сега повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста кога откри во каков проблем се нашла.

Во септември, кога се вратила од Доха, Авганистан, каде што е сместена Ал Џезира, дознала дека е бремена. Татко на детето е нејзиниот партнер Џим Хејлбрук, фотограф на Њујорк Тајмс со кој била во Кабул.

Таа изјавила дека за неа било големо изненадување бидејќи лекарите секогаш и велеле дека не може да има деца. Бременоста значеше и дека не може да остане во Катар бидејќи тамошните закони забрануваат невенчаните жени да бидат бремени, вели таа за Раша Тудеј.

Таа поднесе оставка од Ал Џезира со надеж дека ќе се породи во мај во Нов Зеланд, кој беше затворен за надворешниот свет за време на пандемијата, но планираше повторно да ги отвори своите граници за жителите во февруари.

Двојката отиде во Белгија, од каде што е Хајлебрук, со план од таму да лета за Нов Зеланд кога ќе се отворат границите.

Белис рече дека знаела дека поради нејзиното државјанство не може да остане предолго во ЕУ, па на секој начин се трудела да добие место во Центарот за изолација и карантин во Нов Зеланд (МИК), но безуспешно.

Кога властите во Велингтон го одложија повторното отворање на границите поради појавата на омикрон, на Белис остана само едно место каде што можеше да оди, Кабул. И таа и Хејлбрук сè уште имаа визи кои им дозволуваа да живеат во Авганистан.

Новинарката изјавила дека организирала средба со нејзините контакти меѓу високи талибански функционери за да провери дали ќе има „проблеми“ доколку дојде во главниот град на Авганистан со својот партнер, со оглед на фактот дека е бремена и не е мажена.

„Можете да дојдете и нема да имате никакви проблеми“, рекол еден талибански функционер, според Белис. „Само кажете им на луѓето дека сте во брак и ако ситуацијата ескалира, јавете ни се. Не се грижите. Се ќе биде во ред“, и одговориле Талибанците

„Кога талибанците на бремена, немажена жена и нудат безбедно засолниште, знаете дека вашата ситуација е ненормална“, напиша таа.

Новинарката моментално е во Кабул, но не сака да се породи во Авганистан поради турбулентната ситуација и лошиот здравствен систем во земјата.

„Со оглед на тоа што ОН очекуваат уште 50.000 Авганистанки да умрат при породување до 2025 година, бременоста овде значи смртна казна“, објасни таа.

Тие аргументи не им изгледаа премногу убедливи на властите во Нов Зеланд, кои го одбија нејзиното итно барање за место во карантинскиот центар.

Новинарката признала дека била „во шок“ откако добила таков одговор. Таа почна да контактира со адвокатите и некои други важни луѓе во Нов Зеланд за да стави јасно до знаење дека ќе се бори против пресудата, со жалба и појавување во медиумите.

Како резултат на тоа, кон средината на минатата недела, статусот на нејзината апликација за во Центарот за изолација беше променета од „деактивирана“ во „тековна“. Следниот ден, нејзиниот партнер добил мејл дека таа може да аплицира за итен прием во Ценатрот за изолација и карантин.

Белис вели дека пресвртот дошол откако министерот задолжен за Ковид на Нов Зеланд, Крис Хипкинс бил информиран за нивниот случај. И не беше среќна што „доби повластен третман“ од власта, која само сака да ја избегне „претстојната политичка главоболка“.

„Тие не отфрлија, како и илјадници други очајни Новозеланѓани“, рече таа.

Новинарката рече дека решила да го сподели своето искуство бидејќи „одлуката за тоа кој да добие место во Центарот за изолација не е донесена во фер услови и етички и е донесена на штета на најранливите“.

Таа повика на промена на системот, додавајќи дека е време властите во Нов Зеланд, а не Талибанците, да одговорат што ќе направат за да ги заштитат правата на жените.

Хипкинс подоцна потврди за Хералд дека бил информиран за ситуацијата на Белис од „висок функционер на Народната партија“, поради што тој побарал да провери дали е испочитуван соодветниот процес во врска со нејзината итна апликација во Центарот за изолација.

Слични содржини