Бремената Ријана позираше целосно гола (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
243 прегледи

Познатата пејачка од Барбадос Ријана ситно брои до породувањето, а речиси цела бременост не се откажа од трендот на гол стомак. Во овој поглед, поп-ѕвездата со месеци ја користи приликата да го покаже трудничкиот стомак, но сега отиде чекор понатаму.

Имено, една од најголемите планетарни ѕвезди на денешницата на својот официјален Инстаграм профил објави фотографии на кои „изгледа како да е од мајка родена“. Таа позираше пред камерата со пуштена коса, носеше само танга и високи потпетици, а градите ги покри со рацете.

Да потсетиме, Ријана и нејзиното момче АСАП Роки минатата година станаа родители на момче, а за време на настапот на „Супер Боул“ пејачката откри дека повторно е бремена.

Својот прв наследник го нарекоа РЗА, а многумина на социјалните мрежи коментираат дека е „најсреќното бебе“, бидејќи на сите папарацо фотографии е насмеан.

Слични содржини