Брендон од серијата „Беверли Хилс“ денеска има 54 години, не би го препознале (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
735 прегледи

Актерот Џејсон Пристли се прослави со улогата на Брендон Волш во некогаш многу популарната серија „Беверли Хилс 90210“.

Серијата беше прикажана во раните деведесетти, а Џејсон веднаш ги освои срцата на тинејџерките ширум светот.

Зборувајќи за огромната популарност која му дојде речиси преку ноќ, Џејсон истакна дека е многу среќен што „славата не го променила“.

„Гледајќи наназад, изненаден сум што се извлеков. Беше тешко, како млад човек во Лос Анџелес меѓу еден куп други актери, никогаш не замислував дека ова ниво на слава е возможно. Никој не би го очекувал тоа, ќе бев идиот да се надевав на тоа“, изјави тој во една прилика за „The Things“.

Џејсон ја напушти серијата во деветтата сезона, а тврдеше дека некои односи меѓу актерите тогаш биле прилично нарушени и дека после тоа останал со „горчлив вкус во устата“.

Пристли неодамна наполни 54 години, а и денес е тивко страдање на многу жени, а на социјалните мрежи му пишуваат дека со годините изгледа подобро. По неговиот успех во серијата „Беверли Хилс“, тој се појави и во продукциите „Вистински повик“, „Без трага“, „Се викам Ерл“, „Зона на самракот“, „Островот на фантазијата“ и други.

Оженет е со стилистката Наоми Лауд, со која има две деца.

Слични содржини