Брендон се прости од Бренда: Актерот објави емотивна порака по смртта на Шенон Доерти

од Илинка Илиоска
62 прегледи

Актерката Шенон Доерти, позната како Бренда од серијата „Беверли Хилс, 90210“ (Beverly Hills, 90210), почина на 53-годишна возраст, по долга борба со ракот.

Од познатата Бренда се прости и нејзиниот колега Џејсон Пристли, кој во оваа серија го глумеше нејзиниот брат Брендон.

Во емотивна објава која ја сподели на социјалните мрежи, Џејсон се збогуваше со својата колешка и пријателка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jason_priestley (@jason_priestley)

„Шокиран сум и тажен кога слушнав за смртта на мојата пријателка Шенон. Таа беше сила на природата и ќе ми недостига. Му испраќам љубов и светлина на нејзиното семејство во ова мрачно време“, напиша Џејсон покрај фотографијата од двајцата актери.

Инаку, актерката почина во саботата на 53-годишна возраст по долгата борба со ракот. Во текот на нејзината кариера одигра многубројни улоги, но беше најпозната по улогата на Бренда во серијата „Беверли Хилс, 90210“. Актерката долги години се бореше со ракот. Во 2015 година ѝ беше дијагностициран рак на дојка, а минатата година дозна дека ѝ метастазирал. Се проширил на мозокот и на коските.

Слични содржини