Поранешниот сопруг на Шенoн Доерти на удар: „Можеше да покаже малку хуманост“

од Vladimir Zorba
230 прегледи

Актерката Шенон Доерти поднела барање за развод од фотографот Курт Исвариенко еден ден пред нејзината смрт, а тој ги потпишал документите на денот на нејзината смрт, 13 јули.

Пријателката на Шенoн, Тара Фуриани, го прозва Исвариенко на LinkedIn, пишувајќи дека актерката минувала низ тежок период кога дознала дека ракот метастазирал и и ги отежнал последните месеци.

„Тој можеше да покаже само малку хуманост кон својата сопруга која умира“

„Многу сум тажна и вознемирена поради смртта на мојата пријателка Шенoн… Поради разводот низ кој минуваше во тоа време. Нејзиниот рак на дојката беше четврта фаза и имаше метастазирано на други делови од телото, смртта беше неизбежна и таа го знаеше тоа, таа се помири. Но болката и страдањето во месеците пред тоа не мораше да бидат толку длабоки ако нејзиниот сопруг беше нормално човечко суштество, тој можеше да покаже само малку хуманост кон својата сопруга што умира“, напиша таа.

„Животот е многу тежок… Уште потешко е ако имате рак и останете без поддршката на која сте сметале“, заклучила таа.

Таа го обвини дека ја изневерува

Да потсетиме, Шенон и Исвариенко беа во брак 13 години, а на крајот на минатата година таа изјави дека нејзиниот тогашен сопруг имал афера пред таа да треба да оди на операција на тумор на мозокот. Таа поднесе барање за развод во април минатата година.

Почина по долга борба со ракот на дојката

Потсетуваме, ѕвездата на Беверли Хилс 90210 почина по долга борба со ракот на дојката на 53-годишна возраст. Во февруари 2015 година и беше дијагностициран рак на дојка, а во 2017 година објави дека е во ремисија.

Една година подоцна, таа рече дека болеста се проширила на лимфните јазли. Во мај 2016 година, таа беше подложена на мастектомија, а три години подоцна дозна дека ракот се проширил во мозокот и дека е во четврта фаза.

Слични содржини