266
Вооруженото крило на Хамас, Бригадите Езедин ал-Касам денеска потврдија дека прекинот на огнот со израелските сили во Појасот Газа ќе почне утре во седум часот по локално време.
– Примирјето ќе биде во сила четири дена, почнувајќи од утре наутро, придружено со прекин на сите воени дејства од бригадите Касам и Палестинскиот отпор, како и од ционистичкиот непријател во текот на целиот период на примирје, се наведува во соопштението од Бригадите Езедин ал-Касам.
Во текот на четирите дена, според вооруженото крило на Хамас ќе бидат ослободени 50 заложници, жени и мажи на возраст од 18 години или помлади ќе бидат ослободени, а за секој од нив ќе бидат ослободени по тројца палестински затвореници.