БРИКС поседува повеќе од 20% од светските резерви на злато

од Vladimir Zorba
40 прегледи

Повеќе од една петтина од светските резерви на злато се наоѓаат во земјите на БРИКС, покажуваат податоците објавени од Светскиот совет за злато. Меѓу членките на БРИКС, Русија и Кина имаат најмногу резерви на злато. Русија поседува 2,34 илјади тони злато, што е 8,1 отсто од светските резерви, додека Кина има 2,26 илјади тони, што претставува 7,8 отсто од светските резерви на злато.

Според истите податоци, 21,4% од вкупните светски резерви на злато за периодот по вториот квартал од годинава доаѓаат од земјите на БРИКС, со исклучок на Иран и Етиопија, кои не ги објавија своите податоци.

Другите членки на БРИКС имаат помалку од три отсто од светските резерви на злато. Резервите на Индија во вториот квартал од оваа година изнесуваат 840,76 тони (удел во БРИКС – 13,5%), Саудиска Арабија 323 тони (5,2%), Бразил 129,7 тони (2,1%), Египет 126,57 тони (2,03%), Јужна Африка 125,44 тони (2,02%) и ОАЕ 74,5 тони (1,2%).

Соединетите Американски Држави имаат најголеми резерви на злато во светот, со вкупно 8,1 илјади тони, што е речиси една третина од сите светски резерви. Следува Германија со 3,35 илјади тони (11,6%), Италија со 2,45 илјади тони (8,5%) и Франција со 2,44 илјади тони (8,4%), додека Русија е на петтото место.

Слични содржини