Брисел: 19-тиот пакет санкции против Русија сè уште не е на маса

Според Комисијата, акцентот ќе биде ставен на заобиколување на рестриктивните мерки

од Vladimir Zorba
26 прегледи Фото: Принтскрин

19-тиот пакет санкции против Русија сè уште не е ставен на маса, но се подготвува, изјави шефот на прес-службата на Европската комисија, Паула Пињо.

Се очекуваше да биде објавен минатата недела.

Според Комисијата, акцентот ќе биде ставен на заобиколување на рестриктивните мерки.

Портпаролот Олоф Гил потсети дека тој вклучува алатки за оваа намена и кон трети земји.

Комисијата, исто така, потсети дека САД се клучен партнер во овој поглед во рамките на Г7.