214
Системот за информации за патување и одобрување на патување во земјите на ЕУ, кој се најавува со месеци, се уште нема да стапи на сила.
Првиот рок, кој беше одреден за 1 јануари 2023 година, е продолжен, а судејќи според вестите од ЕУ, тешко дека системот ќе биде во употреба во текот на следната година.
Од Делегацијата на ЕУ во БиХ за „Дојче веле“ навеле дека воведувањето на овој систем нема никаква врска со безвизниот режим, кој се уште останува на сила.