Брисел го поздравува политичкиот компромис за законот за јавно обвинителство

од Берта Китинска
311 прегледи

Во писмена реакција , Европската Комисија го поздрави компромисот помеѓу сите политички партии за законот за јавно обвинителство.

-Европската Комисија е запознаена со остварениот напредок во преговорите за законот за јавно обвинителство во текот на овој викенд и го поздравува тоа што политичарите, во дух на компромис, го ставаат националните интерес над сѐ, стои во реакцијата на Европската Комисија.

Европската Комисија потсетува дека носењето на овој закон е „важен сигнал“ за патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Законот за јавно обвинителство, иако не е формален услов, според сите дипломати и претставници на Европската Комисија, е клучен фактор за олеснувањето на одлуката за почеток на преговори што треба да ја донесат земјите членки кон крајот на март.

Доколку законот не се донесе поголем е ризикот една или повеќе земји членки да го искористат како изговор за нова блокада за почетокот на преговори.

Слични содржини