Брисел град на духови, отворена телефонска линија за вонредни ситуации

од Vladimir Zorba
99 прегледи

Властите на белгиската престолнина отворија за жителите вонредна телефонска линија за откривање на можни терористички напади и вонредни ситуации.

Part-PAR-Par8334936-1-1-0

Нивото на безбедност од терористичка закана во Брисел е највисоко.

За вонредна состојба граѓаните можат да се јават на телефонлот 1771, изјави претставник на градската администрација. До полноќ во градскиот регион денес се затворени сите 69 станици на метрото, затворен е и сообраќајот ни некои правци на јавниот транспорт. Затворени за посети се музеи, трговски центри, концертни сали и еден од туристичките симболи споменикот “Атомиум”. Во цела Белгија нивото на терористичка закана останува на трет степен.