Европската комисија во четвртокот усвои низа програми за прекугранична соработка со вкупна вредност од 1 милијарда евра, кои ќе поддржуваат социјалниот и економскиот развој во регионите од двете страни на надворешните граници на Унијата, вклучувајќи ја и Украина, пренесува УНИАН.

.Според податоци на ЕК, ќе бидат финансирани проекти во вкупно 27 земји: Ерменија, Грузија, Молдавија, Украина и Русија на исток; Египет, Израел, Јордан, Либан, Палестина, Тунис; Земјите-членки на ЕУ (Бугарија, Кипар, Естонија, Финска, Франција, Грција, Италија, Латвија, Литванија, Малта, Полска, Португалија, Романија, Шведска), како и Норвешка и Турција.
Станува збор не само за држави кои имаат копнена граница со земјите-членки на ЕУ, но и за земјите од Северна Африка и Блискиот Исток, со кои ЕУ се граничи по море. За секоја од нив ЕК одредила четири приоритетни сфери како култура, заштита на животната средина, борба против сиромаштијата, образование и други.