Процесот на отцепувањето на земјата од ЕУ ќе трае две години
Минути по објавувањето на конечните резултати од Brexit, дојдоа и првите реакции од Брисел. Оттаму се категорични дека за време на процесот на напуштање на Велика Британија нема да се прават никакви отстапки.
Брисел вети дека ќе се бори да ги заштити правата на граѓаните на другите земји-членки.
Преговорите за заминувањето на Лондон ќе започнат најрано по две недели. До нивниот крај Британија ќе се води како член на Заедницата, но нема да учествува во донесувањето на одлуките.