236
Висок функционер на Европската унија денеска изјави дека за ЕУ е неприфатливо Москва да смета дека плаќањето на рускиот гас во евра е завршено дури откако средствата биле претворени во рубљи, пренесува Ројтерс.
-Она што не можеме да го прифатиме е дека компаниите се обврзани да отворат втора сметка и дека помеѓу конверзијата на средствата од првата на втората сметка еврото е целосно во рацете на руските власти и руската централна банка и дека плаќањето се смета за завршено само кога еврото ќе се претвори во рубља“, изјави европскиот функционер, чиј идентитет не го откри британската агенција.
Претставниците на Европската унија сметаат дека ова е јасно заобиколување на санкциите.