Брисел размислува да ја укине забраната за патници од Западен Балкан

од Vladimir Zorba
275 прегледи

Европската комисија соопшти дека работат на предлог што ќе ги промени сегашните препораки за забрана за ирелевантни патувања во ЕУ, што важи и за земјите од Западен Балкан. Во исто време, Брисел потсетува дека ограничувањата за патување во ЕУ се моментално во сила со цел да се потисне пандемијата и ширењето нови видови на коронавирус.

„Работиме на промена на овие препораки. Европската комисија работи на нов предлог со цел промена на ситуацијата за патниците од земјите од Западен Балкан“, изјави портпаролот на Европската комисија, Адалбер Јанц.

Јанц нагласува дека на овој предлог се работи паралелно со веќе презентираниот предлог за издавање дигитални зелени сертификати, како за граѓаните на ЕУ, така и за државјани на трети земји кои легално престојуваат во ЕУ.

„Во моментот, дигиталните сертификати (планирани за летото) не го менуваат фактот дека ограничувањата за неважни патувања во ЕУ се во сила во ЕУ“, предупредува Јанц.

Европската комисија претходно соопшти дека се работи на правење дигитални зелени сертификати, кои треба да ја олеснат слободата на движење во ЕУ, и да бидат оперативни пред почетокот на летото. Планирано е да се прошират европските сертификати за вакцинација со каква било вакцина против Ковид 19, за поседување на PCR тест или антитела на државјани на трети земји и да се работи на заемно признавање на сертификати меѓу ЕУ и Западен Балкан на среден рок.

Слични содржини