Здружувањето на воените и одбранбените ресурси на земјите од ЕУ ќе овозможи заштеда на 120 милијарди евра годишно, изјави денеска пред ТАСС портпаролката на Европската комисија Мина Андреевa.
Изјавата и беше по повод вчерашното интервју во германскиот “Велт ам Зонтаг” на претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер, во кое тој се прогласува за создавање на паневропска армија.
Според неговите зборови, “европската армија нема да се создаде, за да биде веднаш распоредена. Но заедничката европска армија би и покажала на Русија дека се однесуваме сериозно кон заштитата на вредностите на ЕУ”.
Андреева рече дека идејата за создавање на долг рок на армија на ЕУ ќе биде разгледана на јунскиот самит на Унијата во рамките на дискусијата за заедничката одбранбена политика.
Пред форумот Јункер и првиот дипломат на ЕУ Федерика Могерини ќе претстават заеднички план за зајакнување на европската политика во областа на одбраната, која ќе биде основа за дискусија за темата заедничка армија, изјави портпаролката.
