Британците гласаат за иднината на едно разединето кралство

од desk3
179 прегледи

Како милиони други Британци Карл Вејкман ги поддржувал ториевците на Маргарет Тачер во 80-тите години, а потоа лабуристите на Тони Блер на крајот на 90-тите. Денес сепак 49-годишниот маж од Глостер нема да поддржи ниту една од двете големи партии кои доминираат на британската политика со децении, раскажува агенција “Ројтерс”.

zx450y250_2525725

Тој ги обвинува последните две влади за лошо управување на односите со ЕУ, за масовната имиграција и за состојбата на државните финансии. Вејкман почнува да работи штом завршува училиште, оженет е, со две деца, има свој стан и работел цел живот … до наскоро. Во последната година и половина бил отпуштен двапати. “Големите партии не се заинтересирани за луѓе како мене”, вели тој.

На парламентарните избори на 7 мај Вејкман ќе гласа за Партијата на независноста на Обединетото Кралство (UKIP). Се очекува евроскептичната и популистичка партија да освои околу 13%, со кои “украла” одредено количество гласови од ториевците и помалку од Лабуристичките гласачи.

Шкотската национална партија, пак, се очекува да ги земе речиси сите 59 пратенички места од Шкотска во националниот парламент. Ова ќе и даде влијание во формирањето на следната влада и 38-те милиони Англичани може да се покажат зависни од одлуката на 4-те милиони Шкоти.

Распадот на стариот поредок има големи и непредвидливи последици за иднината на Велика Британија. Главната цел на Шкотската народна партија е да ја извади Шкотска од Велика Британија, што не успеа да го постигне минатата година со референдумот. UKIP пак сака излез на Велика Британија од ЕУ и политиката на партијата влијаеше на премиерот Дејвид Камерон, кој вети референдум за темата, ако биде реизбран.

Поддршката од ториевците, лабуристите и либералдемократите – некогаш трета политичка сила, ја одземат Зелените и Партијата на Велс (Plaid Cymru), која сака независност на Велс.

“Завршија деновите кога конзервативци и лабуристите едноставно се менуваа во управувањето на Велика Британија”, вели Рој Хатрсли, поранешен висок политичар во Лабуристичката партија. “Со фрагментацијата на политиката се зголемуваат ризиците од распаѓање на Велика Британија. Ќе биде многу тешко да се спречи нареден обид за одделување на Шкотска”, додава тој.

zx450y250_2525729

Ако треба да се зборува сосема прецизно, Велика Британија не била управувана само од еднопартиска влада, односно на конзервативците и лабуристите, од 70-тите години. Во 1974 година Шкотската народна партија освои седум места во парламентот, во 1977 година лабуристите требаше да склучат договор со либералите, за да преживее владата , а во 80-тите дел од лабуристите се отцепија, отидоа кај либералите и конечно ги формираа либералдемократите.

И сепак изборниот систем во Велика Британија сугерира дека по повеќето избори управува една партија. Победникот во секој предел освојува парламентарно место за соодветниот регион, а останатите кандидати не довиваат ништо. Така малите партии не се претставени во парламентот или ако се претставени, тоа е скромно, дури и да имаат значителен дел гласачи во земјата.

Овој систем овозожува постепено промени во политичките предрасуди, испровоцирани од голем број социјални и економски промени. Најмногу класи во Велика Британија се разменија во последните неколку децении. “Социјалните поделби се претставени различно и не се исти како во минатото”, вели Џон Кертис, политиколог од Универзитетот во Стратклајд. “Во 80-тите Лабуристичката партија беше партијата на работничката класа. Веќе не”, објаснува тој.

Во управувањето на Тони Блер, лабуристите “се придвижија” кон центарот на политичкиот спектар и станаа благонаклони кон многу богатите. Освен тоа почнаа да се борат за подобри образовни стандарди и социјална мобилност и тоа даде резултат: Процентот на млади луѓе кои избираат високо образование, се зголеми од 39% во 1999 година на 49% денес.

Со намалувањето на индустријата и ширењето на канцелариските работи, класните разлики се нејасни и партиите мутираат. Како што лабуристите го подобрија својот однос кон финансискиот сектор, така конзервативците на Камерон привлекоа либерални гласачи со прогресивни политики за животната средина и хомосексуалните бракови.

zx450y250_2525728
“За луѓето во економски проблематични региони лабуристите веќе не се партијата на трудот”, вели Роб Форд, политиколог од Универзитетот во Манчестер. “За нив лабуристите се само уште една партија, која ја претставува Лондон, Единбург или Манчестер – градови, полни со луѓе кои не ги разбираат нивните проблеми”, додава тој.

Наместо тоа UKIP привлекува постари гласачи, без високо образование и се претвора во партијата на работничката класа, објаснува Џон Кертис.

Во Бартон и Тредурт – сиромашниот кварт на Глостер, живее Индиецот Харџит Гил,кој имигрирал во Велика Британија пред децении и денес управува поштенски фах. Тој престана да гласа за лабуристите и сега ги поддржува UKIP. “Лабуристите и ториевците само си наоѓаат оправдувања. Тогаш погледнувам кон Најџел Фараж. Јас сум имигрант, но тој е во право во она што го вели”, смета Гил.

“Ројтерс” забележува дека таквите ставови го одразуваат разочарувањето од конзервативците, лабуристите, и либералдемократите и нивните лидери.

Ричард Греам од конзервативците признава дека Фараж зборува на јазикот на многумина гласачи. “Тие треба да видат дека главните партии не ги игнорираат”, вели тој.
Старата политика во Велика Британија беше изметен од технологијата и глобализацијата.
Гласачите станаа поврзани и нивниот глас се слуша појасно, а политичарите немаат толку голема сила да го контролираат настаните, забележува “Ројтерс”. Со глобализацијата расте национализмот. Во Глазгов, Шкотска, 64-годишниот Стјуарт Макленан, работел за синдикатите, отсекогаш го поддржувал лабуристите и дури бил кандидат за пратеник во 1992 година. Сега, сепак тој ќе ја поддржи Шкотската народна партија.

Лабуристите доминираа со шкотската политика долги години, но станаа безгрижни, смета Макленан. Капката што прелеаја чашата беше отпорот на лабуристите против кампањата за независност. “Тоа предизвика широко одвратност кај електоратот во Шкотска”, објаснува Макленан. “Шкотската народна партија, се чини, се води од истите принципи, но е социјално демократична”, смета тој.

Според анкетите Шкотската народна партија ќе триумфира над лабуристите и тоа ќе го лиши Ед Милибанд од клучни мандати, за да има мнозинство. Англичаните пак се загрижени дека Шкотите ќе имаат преголемо влијание во следната влада. Милибанд ја исклучи формалната коалиција со Шкотската народна партија, но сепак остави место за политички маневри и евентуален договор со партијата.

zx450y250_2525726

Загриженоста на конзервативците е UKIP, која им одзема гласачи. Според YouGov 45% од избирачите на популистичката партија пред тоа ги поддржувале ториевците. Иако UKIP најверојатно ќе добијат само грст места гласовите штетат на другите партии.

Каков и да биде исходот, сепак, тој сигурно ќе сигнализира дека британскиот изборен систем има потреба од реформа. Рут Фокс, директор на Hansard Society, вели дека политичарите ќе мора да се соочи со проблемот на нерамнотежата меѓу властите во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Според Вернон Богданор од King’s College во Лондон “изборниот систем не функционира за повеќепартискиот систем кој го имаме денес”.

“Ројтерс” потсетува дека Британците ја отфрлија на референдум во 2011 година идејата за промена на изборниот систем (first-past-the-post). Овие избори сепак ќе осветлат аномалии кои тешко можат да се игнорираат. UKIP може да освои 10% и само 3 места, додека Шкотската народна партија – 40 места за 3% од националното гласање, едноставно затоа нејзината поддршка е концентрирана во помалку изборни единици.