Британската полиција ги предупреди младите кои излегуваат во ноќни клубови да не консумираат сомнителни супстанци, откако тинејџерка (16) починала откако испила мистериозна пилула.
Имено, кобната ноќ нешто по полноќ била повикана полиција во ноќен клуб во Ексетер. По пристигнувањето на терен го пронашле девојчето во несвест.
Веднаш била пренесена во болница, но лекарите не успеале да ја спасат, пренесе „Мирор“.
Во соопштението, полицијата наведува дека можеби голем број тинејџери земале таблети со непознати супстанци и апелира секој што има информации за инцидентот, да се јави.
По смртта полицијата ја уапсила нејзин врсник поради сомнение дека е вмешан во набавката на дрогата која била кобна за девојчето. Тој ќе остане во притвор до понатамошно известување.