Британија: Бројот на загинати Руси во Украина како во авганистанската војна

од Stefanija Kuzmanovska
303 прегледи

Во најновите разузнавачки информации, британското Министерство за одбрана тврди дека, во првите три месеци од војната во Украина, Русија најверојатно претрпела човечки загуби забележани за време на војната на Советскиот Сојуз во Авганистан од 1979 до 1989 година.

Би-Би-Си наведува дека, според британскиот министер, големиот број мртви забележани во офанзивата во Донбас може да се објасни со комбинација на лоша тактика, ограничено воздушно покривање, недостаток на флексибилност и „команден пристап кој го засилува неуспехот“.

Британското Министерство за одбрана предвидува дека бројот на жртвите, како што продолжува да расте, ќе стане подостапен за руската јавност и дека „јавното незадоволство од војната и подготвеноста да се крене гласот може да се зголеми“.

Слични содржини