330
Националната химна на Велика Британија денес не звучи исто. Имено, Британците отсега наместо „God save the queen“ пеат: „God save the king“.
Ова е едно од правилата што се применуваат кога се менува монархот. Во химната зборот „кралица“ се менува во крал, бидејќи на тронот е кралот, а не кралицата, додека остатокот од текстот останува ист.
Не е прв пат да се случува вакво нешто, поточно клучните зборови на химната беа сменети со доаѓањето на тронот на Елизабета, бидејќи тогаш, исто како и сега, песната се викаше „Господе чувај го кралот“.
Инаку, химната за прв пат беше изведена во чест на тогашниот принц Чарлс Едвард Стјуарт.