Британија испраќа артилериско и противтенковско оружје во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
112 прегледи

Велика Британија ќе испрати повеќе артилериско оружје и повеќе од 1.600 парчиња противтенковско оружје во Украина, со цел да ја зајакне одбраната на земјата од Русија, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Оружјето ќе биде испратено откако британскиот премиер Борис Џонсон вети уште една милијарда фунти (1,2 милијарди долари) воена поддршка минатиот месец, објави „Ројтерс“.

Вкупната поддршка на Велика Британија за Украина од почетокот на рускиот напад врз таа земја ќе изнесува 2,3 милијарди фунти.

Слични содржини