Британија: Истражување покажа дека поддршката за монархијата е на историски најниско ниво

од Stefanija Kuzmanovska
221 прегледи

Во Велика Британија, јавната поддршка за монархијата е на историски најниско ниво во пресрет на крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети на 6 мај, покажуваат резултати од истражување.

Анкетата на Националниот центар за социјални истражувања (NatCen) покажува дека само тројца од 10 Британци мислат дека монархијата е „многу важна“, што е најниско ниво на поддршка досега, објави денеска „Гардијан“.

Според резултатите од истражувањето, вкупно 45 отсто од испитаниците се изјасниле дека монархијата треба да се укине, дека воопшто не е важна или дека не е многу важна.

Слични содржини