Британија ќе ја прошири вакцинацијата на тинејџерите од 16 и 17-годишна возраст

од Nikola Popovski
342 прегледи

Британската влада го прифати советот на научниците да се прошири вакцинацијата против коронавирусот на младите луѓе на возраст од 16 и 17 години.

Министерот за здравство Саџид Џавид денеска објави на Твитер дека ќе ја прифати препораката на Заедничкиот комитет за вакцинација и имунизација (JCVI) да понуди една доза Фајзер на младите луѓе на возраст од 16 и 17 години.

Тој рече дека побарал од Националната здравствена служба да се подготви за вакцинација „што е можно поскоро“.

Заменик-министерот за здравство, професорот Џонатан Ван-Там, рече дека вакцинацијата треба да започне во рок од неколку недели.

„JCVI“ не препорача вакцинација за деца под 16 -годишна возраст. Други европски земји, вклучувајќи ги Франција и Германија, веќе одобрија вакцинација за деца од 12 години и постари.

Слични содржини