Британија ќе обезбеди уште милијарда фунти за воена помош за Украина

од Stefanija Kuzmanovska
109 прегледи

Обединетото Кралство ќе обезбеди уште една милијарда фунти воена поддршка за Украина, објави британската влада, во моментот кога НАТО ја означи Русија како најголема „директна закана“ за безбедноста на западните земји и ја потврди силната поддршка за Киев.

Како што е најавено во Лондон, средствата ќе бидат насочени кон зајакнување на одбранбените капацитети на Украина, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала, опрема за електронско војување и илјадници парчиња друга опрема за украинските војници.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски во говорот преку видео врска на самитот во Мадрид рече дека на Украина ѝ се потребни 5 милијарди долари месечно за нејзина одбрана.

Слични содржини