Британија ќе испрати дронови со долг дострел во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
191 прегледи

Велика Британија ќе испрати стотици нови јуришни дронови со долг дострел во Украина, соопшти владата во понеделникот откако украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во земјата на разговори со премиерот Риши Сунак.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска престојува во ненадејна посета на Лондон. Таму ќе се сретне со британскиот премиер, „неговиот пријател“, Риши Сунак, објави Зеленски на Твитер.

„Велика Британија го води патот кога станува збор за проширување на нашите способности на земја и во воздух. Оваа соработка ќе продолжи и денеска“, наведе Зеленски.

Тој последен пат го посети Лондон во февруари, кога се сретна и со кралот Чарлс Трети.

Слични содржини