Британската регулаторна медицинска агенција во моментов ја разгледува можноста да предложи помладите да не се имунизираат со вакцината АстраЗенека, поради загриженост дека може да имаат згрутчување на крвта, објави вечерва „Канал 4“.
„Од два релевантни извори ни беше кажано дека податоците сè уште не се целосно јасни, но има сè повеќе аргументи да им препорачаме друга вакцина на младите, барем на возраст под 30 години“, соопшти телевизијата, пренесе Ројтерс.
Официјалниот став на таа агенција засега е дека придобивките од вакцината АстраЗенека се многу поголеми од ризикот од тромбоза.
Засега, регулаторната медицинска агенција не одговори на прашањето на тој телевизиски канал дали нивните информации се точни.