Денес во Велика Британија е регистрирано најголемо дневно зголемување на новоинфицирани со коронавирус од 19 февруари.
Според податоците на владата, денес се регистрирани 11.007 нови случаи, што е огромно зголемување во споредба со средатам кога биле евидентирани 9.055 новозаразени.
Бројот на смртни случаи е двојно зголемен во споредба со вчерашниот ден на 19, што е најголема бројка од 11 мај.
Вкупниот број на смртни случаи од коронавирус во Велика Британија е 127.945.
Велика Британија има најголем број смртни случаи од корона во Европа, иако стапката на смртност по глава на жител е поголема во Италија и поголемиот дел од источна Европа.
Нешто повеќе од 80 проценти од возрасните Британци ја примиле првата доза на вакцина против Ковид-19, а 58 проценти добиле две дози, една од највисоките стапки на вакцинација во светот.