Велика Британија ќе купи нови 60 милиони дози вакцини Фајзер/Бајонтек, изјави во средата министерот за здравство Мет Хенкок.
Велика Британија досега нарача вкупно 100 милиони дози на вакцина, една од трите кои се користат во државата.
Хенкок рече дека е нарачана нова пратка за зајакнување на кампањата за вакцинација наесен, додавајќи дека новите видови на вирусот остануваат најголем ризик.
„Овие дополнителни 60 милиони дози, заедно со другите вакцини, ќе бидат искористени за кампањата за ревакцинација подоцна оваа година, за да можеме да го зачуваме напредокот што го постигнавме“, рече министерот.
Англиски службеник за јавно здравје порано во средата рече дека ревакцинацијата сè уште е планирана и дека ќе се фокусира првенствено на нови варијанти на вирусот.
Британското Министерство за здравство објави дека наскоро ќе објави повеќе детали и исто така ќе ги разгледа податоците за клиничките испитувања со употреба на комбинации на вакцини.
Велика Британија досега користела 47,5 милиони дози од вакцината, а скоро 34 милиони од нив биле први дози.
Пред Велика Британија е само Израел според процентот на вакцинирана популација. Од почетокот на пандемијата, 127.000 луѓе починаа во Велика Британија, петти најголем број во светот.
Лондон се согласи да испрати вкупно 517 милиони дози на вакцини од осум производители, од кои некои се уште се во фаза на развој.