Британија не исклучува санкции против Путин

од Milan1
268 прегледи

Велика Британија не исклучува санкции кои се лично насочени кон рускиот претседател Владимир Путин, доколку Русија ја нападне Украина, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
Запрашанa за можни санкции против Путин, Трас за британски „Скај“ изјави: „Ништо не исклучуваме“.

„Ќе претставиме нов закон кој ќе го заостри нашиот режим на санкции за да можеме да таргетираме повеќе компании и поединци во Русија. Тоа ќе го направиме во следните неколку дена. Не го исклучувам тоа“, рече Трас.

Таа додаде дека Обединетото Кралство и доставува одбранбено оружје на Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави вчера дека ќе размисли за лични санкции против Путин доколку Русија ја нападне Украина, потсетува Ројтерс.

Русија постојано повторува дека нема намера да ја нападне Украина, дека може да распореди војници каде сака на нејзина територија и дека Западот е измачуван од русофобија.

Слични содржини