Англија ќе влезе во нова национална блокада во обид да ги намали екстремните притисоци врз здравствената служба во услови на брзото ширење на новиот вид на Ковид-19, изјави премиерот на Велика Британија Борис Џонсон.
Одлуката е донесена на ден кога во Обединетото Кралство се евидентирани 58.784 нови случаи на коронавирус, најголемо дневно зголемување во земјата од почетокот на пандемијата, а седми ден по ред се регистрирани повеќе од 50.000 нови инфекции.
"Primary schools, secondary schools and colleges across England must move to remote provision," Boris Johnson says
The PM says this means it's not "possible or fair" for all exams to go ahead this summer
Nurseries will stay open https://t.co/Y0e2TwakH0 pic.twitter.com/mYK3Ms8fBq
— BBC News (UK) (@BBCNews) January 4, 2021
Да потсетиме, Би-Би-Си денес објави дека премиерот Борис Џонсон треба да објави нов „локдаун“ во цела Англија вечерва, слично на мерките што беа воведени во март 2020 година, кога избувна пандемијата.
Во извештајот на Би-Би-Си се вели дека овие мерки ќе вклучуваат затворање на училиштата, а на вработените ќе им биде наредено да работат од дома освен ако нема можности за тоа или е неопходно нивното лично присуство во т.н. основни служби, објави „Ројтерс“.