Британија: Русија го контролира поголемиот дел од Северодоњецк

од Stefanija Kuzmanovska
353 прегледи

Русија го контролира поголемиот дел од Северодоњецк, по еден месец интензивни борби кои предизвикаа „голема колатерална штета“ во стратешкиот важен град во источна Украина, соопшти британското Министерство за одбрана.

Во својот најнов извештај денеска, Министерството истакна дека е малку веројатно Русија да очекуваше таков „силен отпор“ или „исцрпувачки конфликт“, пренесува Би-Би-Си.

Британското министерство укажа и на проблемите на „неколку стотици цивили“ кои заедно со украинските војници се кријат во подземните бункери на хемиската фабрика „Азот“.

Слични содржини