Британското Министерство за одбрана соопшти дека верува оти Русија нема доволно ракети потребни за копнена офанзива во Украина, дури и кога напредува кон Краматорск и Северск, пишува „Гардијан“.
Британските разузнавачи денеска во својот дневен извештај на Твитер наведоа дека во Донбас, на истокот на земјата, украинските сили продолжуваат да ги одбиваат руските обиди за заземање на електраната Вулерска и дека руската артилерија останува фокусирана на областите околу градовите Краматорск и Северск.
Русија ја зголеми употребата на противвоздушни ракети за поддршка на копнени напади, поради критичниот недостиг на наменски ракети, објави министерството, пренесува британскиот весник.
Исто така, објавено е дека руските сили распоредиле стратешки системи за противвоздушна одбрана С-300 и С-400, дизајнирани да соборуваат авиони и проектили на долги растојанија, во близина на Украина на почетокот на инвазијата.
„Постојат големи шанси овие оружја да ги промашат наменетите цели и да предизвикаат цивилни жртви бидејќи ракетите не се оптимизирани за оваа улога, а нивните екипажи имаат мала обука за такви мисии“, соопшти британското министерство, пренесе „Гардијан“.