Британија: Руската армија постигна тактички успех во Донбас

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Британското Министерство за одбрана соопшти дека и по 100 дена од руската инвазија на Украина, Москва не успеала да ги постигне првичните цели, да го окупира Киев и другите центри на украинските власти, но дека постигнала тактички успех во Донбас.

„Во споредба со првичниот план на Русија, ниту една од стратешките цели не е постигната“, објави британското Министерство за одбрана на Твитер, пренесува „Ројтерс“.

Руските трупи постигнуваат тактички успех во источниот регион на Донбас и контролираат повеќе од 90 отсто од регионот Луганск.

Слични содржини