Премиерот на БРИТАНИЈА, Борис Џонсон, ги опиша податоците за 15 милиони вакцинации како „значајна пресвртница“, што поттикна зајакнување на повиците за мерки за олеснување.
Програмата за вакцинација британската влада ја смета за редок успех во реакцијата на пандемијата на коронавирус, со повеќе смртни случаи и поголема економска штета во таа земја отколку во земји со слична големина. Велика Британија има околу 67 милиони жители.
Британската влада постави амбициозна цел да се вакцинираат 15 милиони жители во домови за стари лица, персонал, здравствени работници на прва линија, постари од 70 години и најранливи до 15 февруари.
Џонсон рече дека сите овие групи биле вклучени во Англија, но не ги спомна Шкотска, Велс и Северна Ирска и не откри дали е постигната целокупната цел. Во некои области, вакцини добија помалку приоритетни групи.
„Денес направивме значајна пресвртница“, рече Џонсон. „Но пред нас е долг пат и без сомнение ќе има кривина на патот, но по она што го постигнавме, знам дека можеме да одиме напред со голема самодоверба“.