Британските работодавци отворија рекорден број нови работни места во ноември, што е уште еден знак дека пазарот на труд го издржа укинувањето на државната програма за платен принуден одмор.
Податоците на британската даночна служба покажуваат дека бројот на вработени на платниот список на компаниите минатиот месец се зголемил за 257.000 луѓе, најмногу откако тие записи почнале да се водат во 2014 година, пренесе Ројтерс.
Банката на Англија (БОЕ), која е под притисок да го реши проблемот со зголемената инфлација на седницата оваа недела, рече дека мора да биде сигурна дека прекинувањето на шемата за платено отсуство на државата кон крајот на септември не предизвикало зголемување на невработеноста пред каква било одлука за зголемување на референтната каматна стапка од почетокот на пандемијата, пренесеТанјуг.
Сепак, појавата на „омикрон“ варијантата на коронавирусот кон крајот на ноември ги поттикна инвеститорите да ги намалат облозите дека БОЕ ќе ги зголеми каматните стапки во четврток, на нејзината декемвриска сесија за монетарната политика, последна оваа година.
Податоците за платните списоци, објавени од британската даночна управа, исто така покажуваат дека битката за новите вработени во октомври била ревидирана надолу на 74.000 работници од првично пријавените 160.000.