Британија воведе санкции против уште 14 поединци во Русија

од Stefanija Kuzmanovska
189 прегледи

Британската влада денеска објави дека воведе санкции за уште 14 лица во Русија, вклучувајќи го и рускиот министер за образование Сергеј Кравцов, во врска со наводната присилна депортација на украински деца во Русија.

Велика Британија истакна дека ги вовела санкциите како одговор на, како што тврди, „руските обиди да го уништи украинскиот национален идентитет“, наведувајќи дека 11 санкционирани лица биле вклучени во присилното преместување на децата, објави „Ројтерс“.

Програмата за присилна депортација ја покажува вистинската намера на рускиот претседател Владимир Путин „да ја избрише Украина од мапата“, објави британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Слични содржини