Велика Британија денеска воведе санкции врз гигантот за нафтоводи „Транснефт“, како и на речиси 300 руски субјекти, во тоа што го нарече, нејзин најголем пакет на мерки од првите месеци од војната во Украина.
Најавувајќи ги санкциите на четвртата годишнина од војната, Владата соопшти дека „Транснефт“ е една од најголемите светски компании за нафтоводи и дека пренесува повеќе од 80 проценти од рускиот извоз на сирова нафта.
Целта е дополнително да се намалат руските приходи од енергенси. Санкциите, исто така, вклучуваат 48 танкери за нафта, соопшти владата.
„Велика Британија денес презеде решителни мерки за да ги прекине клучните текови на финансирање, воена опрема и приходи што ја одржуваат агресијата на Русија“, изјави Министерката за надворешни работи Ивет Купер.