222
Британската банка Standard Chartered денеска објави дека криптовалутата биткоин може да достигне вредност од 100.000 долари (90.700 евра) до крајот на 2024 година.
„Криптозимата заврши. Неизвесност сè уште постои, но веруваме дека цената од 100.000 долари за еден биткоин станува реална“, рече шефот за истражување на дигитални средства во Standard Chartered Bank, Џеф Кендрик.
Биткоинот би можел да зајакне поради неодамнешните превирања во банкарскиот сектор, стабилизирањето на ризичните средства откако американската ФЕД ќе го заврши циклусот на зголемување на каматните стапки, како и зголемената профитабилност од крипто-рударството, рече тој.