21
Британската фунта денеска е најслаба во однос на доларот во последните 14 месеци, бидејќи распродажбата на пазарот на обврзници ја подгрева загриженоста за средствата во Велика Британија.
Фунтата падна на околу 1,226 долари на почетокот на тргувањето на лондонската берза, што сугерира дека скокот на трошоците за задолжување на Велика Британија оваа недела сè уште ги загрижува пазарите – во време кога доларот генерално зајакнува, пренесe The Guardian.
Мајкл Браун, виш истражувачки стратег во брокерската куќа Pepperstone, ги предупреди клиентите дека ситуацијата во Британија станува прилично лоша, додавајќи дека учесниците на пазарот ја губат довербата дека владата во Лондон ќе ја задржи контролата врз фискалната ситуација.