Британската влада го прикривала скандалот со заразена крв со ХИВ, ќе платат 400 милиони евра оштета

од Milan1
339 прегледи

Во периодот од 1970 до 1991 година повеќе од 30. 000 луѓе биле заразени со хепатитис Це и ХИВ со откако примиле крвни продукти и трансфузии, во Велика Британија. Оттогаш починале околу 3.000 луѓе.

Британската Национална здравствена служба (НХС) денеска го објави извештајот по петгодишната истрага во кој се наведува дека лекарите, владата и НХС го прикривале скандалот со заразената крв и свесно ги изложиле жртвите на неприфатливи ризици.

Се претпоставува дека се разболеле поголем број пациенти, а дел од нив не се регистрирани.

Дел од инфицираната крв и крвни продукти биле увезени од САД, а им биле давани на пациенти на кои им требала трансфузија за време на операција или на лицата кои страдаат од хемофилија.

Британската Влада веќе исплати 100.000 фунти како привремена компензација на некои жртви, од вкупно 400 милиони фунти според препораките што следеа по истрагата во 2022 година.

Слични содржини