Британската влада испрати писмо до олимписките спонзори, барајќи од нив да извршат притисок врз Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) поради предлогот да им се дозволи на спортистите од Русија и Белорусија да се натпреваруваат на Игрите во Париз следната година, објавија денеска британските медиуми.
МОК се соочува со зголемен притисок откако во јануари им постави пат на натпреварувачите од Русија и Белорусија да се борат за учество на Олимписките игри во Париз преку азиските квалификации, но без руски и белоруски симболи, објави Ројтерс.
Британскиот секретар за култура, Луси Фрејзер испрати писмо со британско барање до главните извршни директори на 13-те најголеми олимписки спонзори во Велика Британија, вклучително и Кока-Кола, Самсунг и Виза, во кое се наведени грижите на владата.