Момчињата кои покажуваат мизогинистичко однесување ќе бидат обучени да прават разлика помеѓу порнографијата и врските во реалниот живот како дел од владината стратегија за борба против мизогинијата во британските училишта, објави денес „Гардијан“.
Пред објавувањето на долгоочекуваната стратегија на британската влада насочена кон намалување на насилството врз жените и девојчињата, министерот за надворешни работи Дејвид Лами изјави дека борбата започнува со начинот на кој се воспитуваат момчињата.
Како дел од владината стратегија, наставниците ќе можат да ги испраќаат младите луѓе кои покажуваат мизогинистичко однесување на специјални курсеви, а самите ќе бидат обучени да интервенираат доколку забележат вознемирувачко однесување.